Политика за колачиња
Е-Откуп секогаш ги користи колачињата неопходни за најава, а вашите поставки во прелистувачот ги памети само со ваша согласност. Нема колачиња за аналитика, рекламирање или следење.
Последна измена: 26.09.2026
1.Што се колачиња
Колачињата се мали текстуални датотеки што веб-страницата ги зачувува во вашиот прелистувач. Слично на нив, локалното складирање (localStorage и sessionStorage) чува податоци во прелистувачот за да ги запомни вашите поставки.
2.Неопходни колачиња
Без овие колачиња не можете да се најавите ниту да останете најавени. Ги поставуваме само откако ќе се најавите и ги бришеме кога ќе се одјавите.
| Назив | Намена | Траење |
|---|---|---|
| eozs.accessToken | Ве потврдува при секое барање до системот. | До затворање на прелистувачот, или до 30 минути со „Запомни ме“ |
| eozs.refreshToken | Ја обновува сесијата без повторна најава. | До затворање на прелистувачот, или 30 дена со „Запомни ме“ |
| eozs.rememberSession | Го памети изборот „Запомни ме“. | 30 дена |
3.Неопходни записи во прелистувачот
Овие записи не се испраќаат до серверот, а без нив системот не може да го запомни вашиот избор ни да знае за кој откупувач работите.
| Назив | Намена | Траење |
|---|---|---|
| eozs.cookieConsent | Вашиот избор за колачињата. | 12 месеци, потоа прашуваме повторно |
| eozs.workspace:… | Откупувачот за кој работите во тековниот таб. | До затворање на табот |
| tsr-scroll-restoration-v1_3 | Докаде сте стигнале на секоја страница, за „Назад“ да ве врати на истото место. | До затворање на табот |
4.Поставки, само со ваша согласност
Ги зачувуваме само ако изберете „Прифати сите“. Без нив системот работи исто, само ќе треба повторно да ги изберете јазикот и колоните при следната посета.
| Назив | Намена | Траење |
|---|---|---|
| afpzrr-otkup:prefs | Јазикот и дали менито е собрано. | Додека не ја повлечете согласноста или не ги избришете |
| eozs.grid.hidden.… | Колоните што сте ги скриле во табелите. | Додека не ја повлечете согласноста или не ги избришете |
5.Колачиња од трети страни
Не користиме алатки за аналитика, реклами ни вградени содржини од други страници. Фонтовите и сликите се вчитуваат од истиот сервер, па трети страни не поставуваат колачиња и не дознаваат дека го користите системот.
6.Согласност
При првата посета прашуваме дали се согласувате да ги паметиме вашите поставки. „Прифати сите“ ги зачувува. „Само неопходни“ ги брише и повеќе не ги зачувува.
За неопходните колачиња и записи не е потребна согласност, бидејќи без нив услугата што ја барате не може да работи.
Изборот можете да го промените во секое време со копчето „Промени го изборот“ погоре на оваа страница. Ако некогаш воведеме други колачиња, повторно ќе ја побараме вашата согласност.
7.Како да ги избришете
Со одјава ги бришете колачињата за најава. Сите колачиња и записи можете да ги избришете и во поставките на прелистувачот. Ако ги блокирате неопходните колачиња, нема да можете да се најавите.
Повеќе за личните податоци прочитајте во Заштита на лични податоци.
